Почетна :: За Македонија
За Македонија

Општи информации

повеќе информации: Macedonia - timeless

· Површина: 25.713 km2
· Население: 1.936.877
· Главен град: Скопје
· Јазик: македонски
· Писмо: кирилица
· Религии: православна, муслиманска, католичка
· Политичка структура: Држава со парламентарна демократија
· Локалитети под заштита на UNESCO: градот Охрид и Охридското Езеро
· Валута: денар
· Временска зона: GMT + 1

Како да пристигнете во Република Македонија

· Со авион

Преку интернационалните аеродроми во Скопје и Охрид.

Аеродром Скопје "Александар Велики"
1043, Петровец - Македонија

Тел: +389 (2) 3 21 20 30 / 40
Факс: +389 (2) 2 56 22 07

Информации: +389 (2) 3148 333

Sita: SKPAPXH
Telex: 51480
Aftn: LWSKZPZX
Веб страна: http://skp.airports.com.mk

АЕРОДРОМ "Св. Апостол Павле" Охрид
п.ф. 134 Охрид 6000, Македонија

Тел: +389 (46) 25 28 30
Факс: +389 (46) 25 28 40

Телефон за информации:
++ 389 46 252 820
++ 389 46 252 821
++ 389 46 262 503

SITA: OHDAPXH
Aftn: LWOHZPZX
E-mail: ops@airports.com.mk
Веб страна: ohd.airports.com.mk

За да дојдете во земјата може да ги искористите и соседните аеродроми во: Солун, Белград, Софија и Тирана.

· Со автомобил

Патниот сообраќај ја сочинува главната транспортна мрежа. Главниот меѓународен автопат E-75 поминува низ земјата. Мрежа од добро одржани патишта ги поврзува нејзините градови и нејзините популарни туристички области. Република Македонија е поврзана со своите соседни земји и со некои западно-европски земјаи преку редовни линии како и преку сезонски линии. Директни автобуски линии има за: Минхен, Бон, Дизелдорф, Штудгарт, Дортмунд, Франкфурт, Виена, Малме, Гетенбург.

Такси возила има на располагање секаде и тоа по разумна цена.

Може да се изнајмуваат возила (rent-a-car) со или без возач.

· Со воз

Република Македонија е поврзана со Европските земји со железничка линија, која минува низ земјава.

Гранични формалности

Гранични премини:

- Од Србија: Блаце, Волково, Јажинце, Пелинце, Сопот и Табановце
- Од Бугарија: Деве Баир, Делчево и Ново Село
- Од Грција: Богородица, Гевгелија, Дојран и Меџитлија
- Од Албанија: Ќафасан, Св.Наум, Стење и Блато

Пасош и виза

Сите посетители треба да поседуваат важечки пасош. На граѓаните од Европската Унија не им треба виза. · За возилата: возачка дозвола, зелен или син осигурителен картон и полномошно доколку друго лице го вози возилото, а не сопственикот.

Република Македонија - лулка на културата, земја на природни убавини

Република Македонија е мала земја сместена на јужниот дел од Балканскиот Полуостров. Таа е природен мост помеѓу исток и запад, север и југ. Мнозинството од населението е македонско, додека најбројни меѓу малцинствата се Албанците, Турците и Србите.
Република Македонија изобилува со природни убавини и раритети. Многумина за неа рекле дека е бисер на Балканот. Бројните планини, шуми, реки и езера претставуваат голема туристичка атракција. Земјата е богата со извори на вода. Затоа обично и се нарекува "Земја на езерата", бидејќи има многу тектонски, глечерски и вештачки езера. Постојат околу педесетина големи и мали езера, меѓу кои најзначајни се: Охридското Езеро, Преспанското Езеро и Дојранското Езеро. Реките формираат три басени, а најголема река е Вардар.

Високите планини се импресивни со своите спектакуларни пејсажи. Поради големиот број на растителни и животински видови некои планински области се прогласени за национални паркови: Маврово, Пелистер и Галичица.
Во земјата постојат неколку климатски зони, умерено медитеранска на југ (со топли лета и слаби зими) и модифицирана континентална на север со многу изразени сезонски екстреми.
Главниот административен центар во земјата е Скопје, со повеќе од 541000 жители. Тоа е место каде многу патишта и цивилизации поминале и се измешале. Други поголеми градови се: Битола, Прилеп, Куманово, Тетово, Охрид.

Градот Охрид, распослан на брегот на Охридското Езеро, со своите природни убавини, историско и културно наследство ужива заштита од UNESCO. Охрид располага со голем број историски и културни споменици, прекрасни плажи и сместувачки капацитети. Вториот "бисер" на Охридското Езеро е градот Струга препознатлив по својата стара архитектура, реката Црн Дрим, прекрасните плажи, извонредни хотели и кампови.
Басенот на Преспанското Езеро е друга популарна туристичка дестинација препознатлива по својата дива убавина. Езерото нуди мир во неколку различни сместувачки капацитети во туристичките центри Отешево и Претор.
Дојранското Езеро, најмалото тектонско езеро, поради умерената клима и топлата вода се смета дека има лековити карактеристики. На брегот на езерото, исто така, има повеќе хотели и кампови.

Позицијата на земјата и нејзината конфигурација, клима и хидрографија обезбедуваат посакувани услови за развој на туризмот. За сместување на туристите, Република Македонија располага со 90 хотели, 10 кампови, 2 туристички населби и околу 27000 легла во приватниот сектор. Вкупниот број на легла во сите сместувачки капацитети изнесува околу 80000. Најпопуларни туристички дестинации се Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро каде се наоѓаат 80% од вкупните сместувачки капацитети и од каде потекнува најголемиот дел од туристичкиот обрт и приход. За зимскиот туризам популарни се неколку добро познати спортски центри: Попова Шапка, Маврово, Крушево, Пелистер. Тие ги нудат сите потребни погодности за спорт и рекреација, како и удобни одморалишта и хотели, жичарници и ски лифтови.
Постојат повеќе од 60 извори на термална вода кои формираат неколку бањи: Катлановска Бања, Косоврасти, Банско, Негорци, Кежовица. Тие нудат терапии, рехабилитација и рекреација.

Денес, Република Македонија е вистинско богатство од културно наследство. Тоа опфаќа голем број на културни и историски знаменитости: цркви, манастири, икони, археолошки наоѓалишта, џамии, стари книги и други артефакти. Првата словенска азбука, исто така, потекнува од тука.
Многу меѓународно препознатливи настани се одржуваат во земјата: фестивалот Охридско лето, Струшките вечери на поезијата, Балканскиот фестивал на народни песни и ора, Галичката свадба. Националниот фолклор и традиционалната уметност и ракотворење  сеуште се негуваат. Фино изработените везови на националните носии и бројните стари продавници за ракотворби играат важна улога во зачувувањето на традицијата.