Почетна :: Алтернативен туризам
Алтернативен туризам

Рурална мапа

Пештани

Рибарско село, лоцирано на подножјето на планината Галичица во мала клисура, 12км од Охрид на патот кој води кон манастирот Св. Наум. Пештани е развиен и модерен туристички центар со убави ресторани, кафе барови, продавници и прекрасни хотели.
Приватните сместувања ( групни или индивидуални ) се наоѓаат покрај самото езеро, кое е прекрасно место создадено за одмор за оние кои сакаат да бидат близу езерото и да уживаат во водените спортови.
Во Пештани можете да ја пробате традиционалната кујна на овие простори,прекрасна охридска риба,и да ги запознаете старите жители на Охрид од кои дел сеуште грижливо го негуваат традициналниот начин на живеење на овие простори.

Велестово

Селото се наоѓа високо во падините на планината Галичица. Одејќи по тревните и камените патеки на ова речиси пустинско село, можете да најдете секаков вид на богатство. Поминете малку време во малата црква од 15 век со прекрасни фрески и уживајте во панорамата која го одзема здивот, набљудувајќи го езерото и стариот дел од градот Охрид.
Во урбаниот дел на Охрид ,и некои приватни хотели можете да се информирате во секое време за специјалните екскурзии до руралните села во Охридско кон планината Галичица мегу кои е и ова село.
Еколошката храна со единствен вкус,е она сто овде не смеете да го пропуштите како и прошетката по Галичица чии убавини се под заштита на УНЕСКО.

Велгошти

Велгошти е приградска населба на градот Охрид, во која сеуште може да се види и почуствува уникатното традицонално живеење на овие простори.
Позиционирано источно од планината, ова село дава можност да го почуствувате планинскиот воздух и да го запознаете руралниот живот на жителите,нивната кујна,и убавините на типичниот рурален живот кој со години се негува.
Над селото се наоѓа манастирот Св. Петка, кој нуди нуди сместување во текот на целата година, во мирна околина и со прекрасен поглед. Малку погоре во планината се наоѓаат црквите Св. Илија и Св. Никола. Во овие храмови времето оставило ретки белези за значењето на верата на лугето и во најтешките времиња.

Елешани

Ако барате мирен селски живот, покрај прекрасно езеро и разгалена природна убавина, посетете го Елешани. Овде сеуште продолжува традиционалниот живот. Секоја фамилија поседува свое лозје, се чуваат домашни животни, а сеуште се практикува и традиционалниот процес на дестилација за добивање на ракија. Овде резбарите на дрво и бочварите сеуште го негуваат својот занает.
Елешани нуди прекрасно сместување, продавници за храна и пијалок. Локалната туристичка организација нуди голема листа на организирани активности со водачи во планинските предели и околината.

Трпејца

Типичен пример за рибарско населено место покрај брегот на Охридското Езеро, со куќи кои се изградени на стрмните падини од ридот.Во селото постојата прекрасни викендици во кои можете да изнајмите апартмани и соби за сместување доколку претпочитате вистински мирен одмор навечер.Од секоја кука во Трпејца го гледате езерото како на дланка.Во Трпејца има и прекрасна плажа со ретки шарени камења,и одлични традиционални ресторани до самата плажа.
Овде може да го вкусите вистинскиот вкус на свежа пастрмка, како и останатите домашни локални специјалитети.
Близу до селото е црквата Св.Богородица Заумска изградена во 1361 год. Црквата се наоѓа на падините на планината Галичица и до неа се доага единствено со брод по Охридското езеро.

Требениште

Кај селото Требениште се наоѓа еден од најатрактивните археолошки локалитети во Македонија. Овдешните археолошки пронајдоци се влезени во светските антологии. Најкарактеристични се требенишките златни маски од кои по две, за жал, се наоѓаат во музеите во Белград и Софија. Маските потекнуваат од крајот на VI век и почетокот на V век п.н.е., а со нив биле погребувани требенишките кнезови што им припаѓале на античките Македонци.

Патеки и локации на Галичица, за љубителите на планинскиот туризам

Пешачка патека Асан Џура

Се наоѓа во централниот дел на Националниот парк со должина од 15 км

Велосипедска патека ...

Пештера „Саматска дупка“

Долга е 224 м, широка 6м и височината на таваницата 2 до 10 м. Во пештерата застапени се украсите ,,салви“, „драперии“ и „пештерски бисери“

Видиковец „Гога“

Видиковец ,,Гога“. Се наоѓа на 1735 м надморска височина и од него може да се видат Охридското и Преспанското Езеро и планините кои ги опкружуваат.

„Бачило“ - Планинска куќа

„Бачило“ Традиционален објект за летно високопланинско сточарење и преработка на овчо млеко

Одбрани слики
forward_arrow back_arrow