Почетна :: Архитектура
Архитектура

Градска Архитектура од 19ти Век

Градската архитектура на Охрид зазема посебно место во културното наследство поради тоа што овде, повеќе отколку во другите македонски градови, е зачуван изразитиот тип на ориенталната градска куќа ѕидана во текот на XVIII, XIX и почетокот на XX век. Народните мајстори ги ѕидале овие куќи под влијание на ориенталната и византиската градежна традиција.

Токму затоа не треба да нè зачудува ниту фактот што и големиот француски архитект Ла Корбизје во своите „Собрани дела”, во делот на градската архитектура на Балканот и македонската градска куќа, посветува особено внимание на нејзините фасади, чардаци и внатрешни изгледи.

Одбрани слики
forward_arrow back_arrow