Почетна :: Култура
Култура

Народниот музеј

Сместен е во куќата на семејството Робевци, на улицата Самуилова, ремек - дело на градската архитектура на Охрид од XIX век, на која í припаѓаат одреден број куќи во ритчестиот дел на градот, кои ги проектирале градители од околината на Дебар.

Музеј во Охрид постоел уште во почетокот на XVI век. Тоа бил Архиепископскиот музеј во црквата Св. Богородица Перивлепта, кој бил расформиран во 1916 година.

Сегашниот музеј е формиран во 1951 година. Тој е еден од ретките музеи во Република Македонија, чии збирки се наоѓаат во повеќе објекти: во куќата на семејството Робевци, семејството Уранија, на илинденскиот револуционер Христо Узунов, во управната зграда на Заводот и Музејот, како и во музејскиот комплекс кај црквата Св. Богородица Перивлепта, каде што се наоѓа Галеријата на охридски икони од XI до XIX век.

Народниот музеј располага со археолошки збирки во кои се наоѓаат предмети од праисторијата, античкиот период и средновековниот период на Охрид. Има богата збирка на охридски икони, нумизматичка збирка на околу девет илјади монети од античкиот период до доцниот среден век, предмети и документи од периодот на Преродбата, Илинденското востание и Народноослободителната борба.

Ексклузивна археолошка поставка во Народниот музеј

Во кружната застаклена витрина што полека се ротира во една од просториите во куќата на Робевци во Охрид, се изложени женската златна посмртна маска, златна ракавица со прстен, сребрени сандали и седумдесеттина гробни прилози кои беа пронајдени на 30 септември 2002 година кај Горна порта крај северниот ѕид на Самуиловата тврдина во стариот дел на Охрид, во гробница од пред 2500 години во некрополата од V век пред новата ера.

Куќата на Робевци

Работно време:
10:00-14:00     18:00-21:00
Понеделник не работи
тел: 046/267-173

Музеј куќа на Уранија

Работно време:
10:00-14:00     18:00-21:00
Понеделник не работи
тел: 046/267-173

Музеј куќа на Христо Узунов

Работно време:
07:00-15:00    
Недела не работи
тел: 046/262-498 лок.22

Галерија на икони

Работно време:
10:00-14:00     18:00-21:00
Понеделник не работи
тел:046/262-498 лок.26

Одбрани слики
forward_arrow back_arrow