Ден на Охридското Езеро
21ви јуни
Традиционалната манифестација која ја негуваат трите крајезерски градови: Охрид, Поградец и Струга со цел да се искаже заедничката грижа за заштита на Охридското Езеро од двете страни, секоја година се одржува во друг град, а годинава е домаќин Охрид. По традиција, покрај дружењето на претставниците на Локалните власти од трите градови, еколошките спортски и фолклорни друштва, на Денот на Охридското Езеро се организираат пригодни манифестации: изложби, натпревари и концерти.