Охридски Хорски Фестивал
26ти август - 30ти август

Охридскиот хорски фестивал се одржува на крајот од август во Охрид, Република Македонија.

Според избраните хорови, Охридскиот хорски фестивал 2010 се очекува да биде вистински хорски празник. Повеќе од 40 хорови од 20 држави се поканети да настапуваат. Охрид ќе биде местото кадешто ќе биде прославена радоста на заедничкото пеење. Ги покануваме сите да ја почувствуваат моќта на хорската музика.

И овогодинешниот фестивал ќе се одржува во прекрасниот амбиент на Дијамантската сала во хотелот Горица, а духовните концерти ќе се одржат во црквата Св. Софија.

Фестивалот ќе се одвива во пет делови:
Прв дел - Настапи на отворено
Втор дел – Натпревар
Трет дел - Фолклорна музика
Четврти дел - Црковна музика
Петти дел - Поп музика

Опис на фестивалските делови

Прв дел

Настапите на отворено подразбираат слободна програма од 20-30 минути која ќе се изведува на неколку локации на отворено пред случајна публика.

Втор дел

Настапот во натпреварувачкиот дел подразбира програма од 15-20 минути. Хоровите ќе бидат рангирани од екпертско жири, а првонагерадените хорови ќе настапат на завршниот концерт на фестивалот каде ќе се натпреваруваат за Гранд При на фестивалот. Програмата е слободна, но се препорачува да содржи дела од различни стилови на хорската музика од кои најмалку една композиција од македонски автор.

Бидејќи се настојува програмата да биде претежно вокална, ќе се дозволи една или најмногу две композиции да бидат со инструментална придружба, но кои заедно нема да траат подолго од 5 минути. Натпреварувачкиот дел ќе се одвиваа во три главни категории:

Категорија А - детски хорови (2/3 од членовите да не се постари од 15 години)
Категорија Б - младински хорови (2/3 од членовите да не се постари од 25 години)
Категорија Ц - хорови од возрасни (2/3 од членовите да не се помлади од 25 години)

Во случај на голем борој пријавени учесници ќе бидат воведени и подкатедории.

Трет дел

Фолклорниот концерт е ревијален дел на фестивалот. Програмата што ќе се изведува треба да е составена од хорски обработки на народни мелодии или мотиви и треба да трае од 7 до 12 минути. Композициите можат да бидат придружувани од инструмент(и).

Четврти дел

Концертот на црковна музика е ревијален дел на фестивалот. Програмата треба да се состои од црковни дела и да трае од 7 до 12 минути.

Петти дел

Концертот на поп музика е ревијален дел на фестивалот. Програмата треба да се состои од хорски аранжмани на поп композиции и треба да трае од 7-12 минути. Композициите можат да бидат придружувани од инструмент(и).