Почетна :: Галерија на икони
Галерија на икони

Работно време:
10:00-14:00     18:00-21:00
Понеделник не работи
тел:046/262-498 лок.26


Ниедна збирка на икони, ниту антолошка изложба може да се замисли без присуството на иконите од охридската колекција. Тие се значаен и неиздвоив дел од богатото културно и историско наследство на Охрид, градот каде што е никната словенската книжевност и култура. Создадени во работилниците на Константинопол и Солун, или во локалните работилници во Охрид, овие икони биле неразделен дел од иконостасот на црквите за кои биле нарачани и насликани. Денес, тие се собрани на едно место, во Галеријата на икони во Охрид и се достапни за многу експерти и поминувачи.

Различните епохи ги оставиле своите хронолошки и стилски црти врз иконографијата во Охрид, што може да се проследи низ период од скоро еден милениум, од средината на 11ти до крајот на 19ти век.
Најрано познатите охридски икони стилски се одликуваат со грандиозност, строгост во изразот и чудесна смиреност, зрачејќи од лицата на светителите. „Св. Василиј Велики и Св. Никола“ и „Св. Четириесет Маченици во Севастија“ се двете најстари икони кои припаѓаат на овој стилски период.
Иконите „Пресвета Богородица“ и „Архангел Гаврил“ од Благовестието датираат од почетокот на 12ти век, кога имаме порафиниран уметнички израз и поакцентирана графика во однос на фигурите.
Една од ретките икони, каде што имаме натпис за нејзиното потекло, е иконата „Исус Христос“ од 1262/63 г., по барање на охридскиот архиепископ Константин Кавасилас.
Проблематиката околу светлината и формата која ги окупирала иконографите од втората половина на 13ти век е успешно решена на литијската икона „Пресвета Богородица – Одигитрија“ со „Распетието Христово“ на другата страна.

Периодот на таканаречената „ренесанса на палеолозите“ е период на промени што самото време ги наметнало. Крајот на 13ти или почетокот на 14ти век е насликана иконата на „Св. Матеј – Евангелист“, која со јасниот израз се смета за едно од најдобрите достигнувања на византиската иконографика во целина.
Во почетокот на 14ти век празничните икони „Богојавление“, „Слегувањето во адот“, „Неверството Томино“, биле насликани за иконостасот на црквата „Пресвета Богородица Перивлепта“ (1295), како и храмовата икона.
Вистинско совршенство е постигнато во насликувањето на литијните икони „Пресвета Богородица Психосострија (Душеспасителка)“ со „Благовестието“ на другата страна и „Исус Христос Психосостис“ со „Распетието“.

Големиот број на помали цркви кои почнале да никнуваат кон средината на 14ти век ја наложило потребата од креирање на бројни икони, што целосно ги окупирало иконографите од локалните работилници. Поради големата почит кон словенските просветители светите Климент и Наум Охридски, создадени се голем број на нивни икони, со иконографски стил вообичаен за тој период.
Сепак, посебно литијната икона со претставата на двата светители се разликува по своите уметнички квалитети. Карактеристиките на авторот на ова дело се многу блиски на стилот на Јован Теорианос, кој ги насликал фреските на вториот кат во нартексот во црквата Св. Софија.

По 1394 г., кога Охрид паѓа под турска власт, уметничката активност постепено замира. Во 16от и 17от век направени се напори за оживување, но без позначаен успех и без надеж дури и за бледа имитација на уметничките достигнувања од претходните периоди. Во 18от и особено во 19от век, се појавуваат извонредните дела на иконописците Константин јеромонах, Михаил и Даниел од Самарина и Дичо Зограф.

Одбрани слики
forward_arrow back_arrow