Вести и настани кои наближуваат
ВИКЕНДОВ ВО ОХРИД “БЕЛО ЛЕТО”
Датум: 07.07.17
Во рамки на Г2 Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2017, во делот на организација на манифестации и настани за туристичка промоција, секторот за туризам и ЛЕР,
традиционално ја организира манифестацијата “Бело лето” со кој симболично се означува почетокот на летната туристичка сезона во Охрид. Имајќи во предвид дека оваа манифестација вклучува повеќе активности од културно-уметнички карактер, официјалниот почеток на оваа летна туристичка сезона ќе биде означен на 7 Јули во предворјето на црквата “Света Софија” со прикажување на драмата “Коштана” во изведба на театарот Славија од Белград, Р.Србија. На 7 Јули како дел од манифестацијата “Бело лето” на плажата Лабино со овој перформанс ќе настапи и светски реномираниот џез музичар Владимир Василески-Четкар.
АТРАКТИВНО ПЕШАЧКО РЕКРЕАТИВНАТА ПАТЕКА ОД КАНАЛОТ СТУДЕНЧИШТА ДО ГОРИЦА – СВЕЧЕНО ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА
Датум: 16.06.17
Со пригодна свеченост и игра на децата од детската градинка “Jасна Ристеска” , е пуштена во употреба пешачко рекреативната патека од каналот Студенчишта до Горица. Не криејќи го своето задоволство од реализацијата на овој проект во обраќањето пред присутните, градоначалникот Никола Бакрачески истакна дека оваа патека , одамна била потреба и барање на граѓаните.
Знам дека секој од Вас го искусил задоволството од пешачење, трчање, спортување, рекреирање на оваа патека , сето она што оваа рекреативна зона го нуди за граѓаните и верувам дека исте го делиме моето чувство на задоволство. Природата на Охрид многу дала и бог не штедел кога давал тука и секако дал и разум оваа природа адекватно да ја искористиме и да можеме да уживаме во задоволствата кои ги овозможува..., истакна градоначалникот Никола Бакрачески. Патеката е долга 1390, а широка 12метри, со две патеки за велосипеди и ролери, а по средината е хортикултурно уредена и осветлена. По целата должина има и скејт парк и фитнес зона, а наскоро се очекува и изградба на ново детско игралиште. Вредноста на целиот проект изнесува 41.116.880денари, од кои 14.000.000денари се обезбедени преку ИПА програмата за прекугранична соработка со соседна Грција.
СВЕЧЕНО ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА ПЕШАЧКАТА ПАТЕКА ВО СТАРИОТ ДЕЛ НА ГРАДОТ
Датум: 16.06.17
Со пригодна свеченост е ставена во употреба пешачката патека која се наоѓа во Стариот дел на градот . Патеката се протега од Кошишта по северната страна на калето кон Лабино и Канео. Од Лабино патеката продолжува кон Воска и Даљан, а од таму кон извидничкиот центар.
Првобитниот впечаток е одличен, досега нема ниту еден лош коментар што е потврда дека граѓаните со консензус го одобруваат овој проект и се задоволни од реализацијата. Тоа за нас е поттик и мотивација дека ваквите проекти треба да продолжат. Тоа беше и наша замисла за граѓаните да најдеме начин преку нашите надлежности да создадеме нешто поради кое луѓето ќе се рекреираат, спортуваат и заеднички се дружат и споделуваат животни искуства и градат меѓусебна доверба, истакна градоначалникот Никола Бакрачески. Должината на патеката изнесува 2700 метри, што минуваат низ живописни предели и убави глетки кон Охридското Езеро. Дополнително на долж патеката се поставени клупи за одмор, а на одредени делови е поставена и заштитна ограда. Претседателот на урбаната заедница Стар Град, Горан Патче, истакна дека изградбата на патеката ја збогатува туристичката понуда на градот и дека е од големо значење за охриѓани, но и за гостите што сведочи и големата фреквенција на патеката.
Календар на настани