Почетна :: Природа
Истражувајте во длабочините на скриените убавини

Рамните површини околу Охридското и Преспанското Езеро нудат широка мрежа на патчиња кои се погодни како пешачки и велосипедски патеки за сите возрасти. Местните планини се издигнуваат до над 2000 метри. Искачете се до врвот и уживајте во глетките што го одземаат здивот, на езерата и бројните села наоколу. Длабоко вдишете свеж воздух и помирисајте ги дивите цветови со ветрот шепотејќи ви во ушите. Видете ја разновидноста на необичните птици и дозволете нивното пеење да ве пренесе во чувството на спокојството. Меѓу најпријатните патеки се оние кои поминуваат преку Националниот парк – Галичица меѓу Охридското и Преспанското Езеро; во планините западно од Струга околу Вевчани и во традиционалното село Брајчино над Преспанското Езеро. Во која форма и да сте, во кој и да било терен да уживате пешачејќи или возејќи велосипед, ќе ја имате можноста да го набљудувате руралниот начин на живот кој релативно останува непроменет за повеќе од сто години. Можете да се качите на брод и да посетите некое од местата покрај езерата или да се препуштите на езерото и да уживате во несекојдневниот изглед на пределот.

Одберете патека и впуштете се во лично откривање на природното и културното наследство на езерската област во Македонија. Откријте го изворот на словенската писменост и култура и богатството на византиската уметност меѓу светски највреднуваните црковни фрески и икони. Нуркајте во бистрите води на езерата. Уживајте во единствениот вкус на охридската пастрмка или преспанскиот крап. Одете по средината на ридовите кои оддаваат мир и древност. Густирајте ги пределите што го одземаат здивот. Дишете го свежиот воздух. И, пијте од студените планински извори.

Kога се набљудува Охридското Езеро, во кое било годишно време, осветлено од сонцето, се добива впечаток дека тоа тукушто се родило, а неговите милиони години, колку што е старо, како да не постојат. Во неговите сини води постои растително и животинско царство за коешто денес единствено се знае од фосилите.

Охридското Езеро и според начинот на својот настанок претставува интересна реткост. Тоа настанало со вертикално пропаѓање на почвата. Релативно мал број езера настанале на ваков начин. Меѓу другите, така настанало и најдлабокото Бајкалско Езеро во Сибир, во Русија, кое е стотина пати поголемо од Охридското Езеро. Водите на двете езера ги населува сличен ендемичен растителен и животински свет.

Националниот парк Галичица се наоѓа меѓу двете древни езера Охридското и Преспанското. Во 1958 г. Галичица беше именувана како Национален парк поради многу високата био-разноликост, екстремно богатата флора и фауна и исклучителната природна убавина. Прошетајте преку пределите на Паркот и на секој чекор ќе најдете ретки треви богати со етерични масла, разнобојни ќилими од планински цветови, диви овошки, или едноставно можете да уживате во ведрината и пејсажите што го одземаат здивот.

Природа
Прикажи/Собери
Алтернативен туризам
Прикажи/Собери
Знаменитости
Прикажи/Собери
Мапи
Прикажи/Собери
Фотографии од природата во Охрид
Прикажи/Собери
Одбрани слики
forward_arrow back_arrow