Почетна :: Знаменитости
Знаменитости

Би сакале да ви осврнеме внимание на една од македонските вистини, вистината за Охрид, вечниот град, магичен рид чие исконско пулсирање ги поврзува древните и модерните времиња засекогаш. Живеејќи двеилјади и четиристотини години, Охрид е наследник на светлиот Лихнидос, град чии достигнувања се проткаени во таписеријата на моќната древна цивилизација.
Градот Охрид, во стварност ја претставува културната историја на Македонија во минијатура. Како епископски центар во древните времиња и исто така преку прочуената Охридска Архиепископија, градот преку вековите ја репрезентирал црковната историја на Македонија. Наречен е уште „Балкански Ерусалим“. Преку активноста на Св. Климент Охридски, овде бил основан првиот сéсловенски универзитет во Европа.
Охрид ја имал најважната улога како престолнина на првата славјанско- македонска држава, Самуиловото царство. Охрид бил центарот на македонското препородување во деветнаесеттиот век.
Денес, Охрид е културен, духовен и туристички центар на Македонија. Најпосле, како крунисување на неговите вредности, Охрид и Охридското Езеро се под заштита на УНЕСКО од 1980 г., влегувајќи со тоа во листата на светското културно и природно наследство.

1. Векови наназад, овој регион бил средиште на величествена ера на уметничко, културно и духовно просветување. На бреговите на ова езеро, биле создадени икони и мозаици, прекрасни фрески насликани, ракописи напишани и бил утврден првиот сéсловенски универзитет.

2. Позициониран на старата римски магистрала, позната како Виа Егнација, овој регион е врска со древната историја – II век п.н.е.
Во V век н.е. кога градот Лихнидос бил важен рано-христијански епископски центар, била изградена познатата базилика на Плаошник.

3. Во близина се наоѓаат остатоците од Самуиловата Тврдина – круна на вечерниот пејсаж на Охрид.

4. На неспоредливата карпа во близина на старата рибарска населба Канео, се наоѓа една од најфотографираните цркви во светот, Св. Јован – Канео (XIII век).

5. Соборниот храм на Охридската Архиепископија, црквата Св. Софија, претставува галерија на фрески од XI век и се доловува извонредна акустика.

6. На источната падина од Охридскиот рид, во близина Горна Порта, се наоѓа Античкиот Театар.

7. Соборната црква Пресвета Богородица Перивлепта (XIII век) за време на отоманската власт била реименувана како Св. Климент Охридски и претставува еден од најзначајните средновековни споменици во Македонија.

8. Галеријата на икони претставува колекција на повеќе од 30 икони, една од највреднуваните во светот, создадена од познати средновековни иконографи од времето на Охридската Архиепископија.

9. Во Народниот Музеј „Куќата на Робевци“, гостите може да бидат изненадени од бројните артефакти, археолошко наследство и скулптури од предисториско време, древниот период и средновековен Охрид, пронајдени на археолошките локации во стариот дел на градот и неговата околина..

10. Едно од најсаканите обележја на Охрид е Стариот Чинар (Platanus Orientalis), стар 800 – 900 години, чие стебло е 20 м широко.

11. Крстарење преку езерото е овозможено со поголеми или помали бродови чија крајна дестинација е манастирскиот комплекс со црквата Св. Наум и притоа исто така може да се посети црквата Пресвета Богородица – Заумска (XIV век) на брегот на езерото, која е достапна само со брод.

12. Во склоп на средновековното уметничко богатство на Охрид посебна важност завземаат пештерските цркви на бреговите или во околината на Охридското Езеро.

13. Рибните охридски специјалитети пастрмка и белвица се меѓу омилените главни јадења. Селските специјалитети ѓомлезе и тавче-гравче се вистинско задоволство. Убавината на езерото, надморската висина, свежиот воздух и инсолацијата од приближно 2300 часа годишно, гарантираат пријатна опуштеност и одмор. Поволната сончева светлина, клима и почва обезбедуваат убава жетва. Локалните овоштарници и фарми снабдуваат со широка разновидност на свежо овошје и зеленчук преку целата година. Охридските вина се меѓу најдобрите во светот. Скоро секоја фамилија прави вино (и ракија) секоја есен.

14. Пчелите прават вкусен мед од мноштвото диви цветови и овците пасејќи на високите пасишта на Галичица даваат хранливо млеко од кое се прави вкусно домашно сирење.

Одбрани слики
forward_arrow back_arrow