Почетна :: Маршрути и патеки
Маршрути и патеки
THE HERITAGE TRAILS ASSOCIATION

ГО ИНИЦИРА РАЗВОЈОТ НА ТУРИЗМОТ
ЗА РЕГИОНОТ ОХРИД – ПРЕСПА
Покровители на проектот - ФАРЕ програмата
и општините на Охрид, Струга и Ресен

Охрид – Градот на светлината

Од дамнешни времиња (кога Охрид беше познат како Лихнидос, ’Градот на светлината’) пределот на Охридското Езеро беше важен културен и образовен центар. Самата земја со мирното длабоко древно езеро и планинските изданија создава величествена позадина за приказ на бројните црковни и световни дела од уметноста и архитектурата, кои го одземаат здивот. Главниот книжевен центар на јужните Словени беше основан овде во 10ти век и од тоа време, безбројни фрески, мозаици и икони се создадени. Низ вековите, е негувано огромно и колоритно наследство од убава архитектура, прекрасни артефакти, култура, умешности и традии. Комбинирано со неговите сценски езерски и планински изданија, интересната градска и селска архитектура, климата, локалната гостољубивост и вкусната свежа храна, посетувањето на охридските предели ќе го почувствувате како длабоко наградување.

Прошетката околу стариот град „Варош“ и пристаништето е големо задоволство. Можете да го видите колоритниот пазар, да прошетате покрај дуќанчињата и бутиците до кејот, да ги видите раскошните глетки на езерото и планините, горе до тврдината покрај старите охридски куќи, за уште посензационална панорама, или од страната на езерото, до Канео каде црквата „Св. Јован Богослов“ се издигнува над самото езеро насликувајќи се на еден од најпрекрасните пејсажи на природата.

Околината на Охрид е исто така освојувачка. Качете се на брод до манастирот на Св. Наум и видете ги магичните извори на реката Црни Дрим додека се влеваат во езерото. Искачете се по планината да посетите стара пештерска црква или традиционално село како Велестово или Елшани каде што се чини како времето со векови да стои мирно. Каде и да одите, ќе ја забележите бистрината на светлината, чистотата на воздухот и топлината на гостопримството.

Пешачки, велосипедски и пловни патеки

Рамните површини околу Охридското и Преспанското Езеро нудат широка мрежа на патчиња кои се погодни како пешачки и велосипедски патеки за сите возрасти. Местните планини се издигнуваат до над 2000 метри. Искачете се до врвот и уживајте во глетките што го одземаат здивот, на езерата и бројните села наоколу. Длабоко вдишете свеж воздух и помирисајте ги дивите цветови со ветрот шепотејќи ви во ушите. Видете ја разновидноста на необичните птици и дозволете нивното пеење да ве пренесе во чувството на спокојството. Меѓу најпријатните патеки се оние кои поминуваат преку Националниот парк – Галичица меѓу Охридското и Преспанското Езеро; во планините западно од Струга околу Вевчани и во традиционалното село Брајчино над Преспанското Езеро. Во која форма и да сте, во кој и да било терен да уживате пешачејќи или возејќи велосипед, ќе ја имате можноста да го набљудувате руралниот начин на живот кој релативно останува непроменет за повеќе од сто години. Можете да се качите на брод и да посетите некое од местата покрај езерата или да се препуштите на езерото и да уживате во несекојдневниот изглед на пределот.

По патеките

Одберете патека и впуштете се во лично откривање на природното и културното наследство на езерската област во Македонија. Откријте го изворот на словенската писменост и култура и богатството на византиската уметност меѓу светски највреднуваните црковни фрески и икони. Нуркајте во бистрите води на езерата. Уживајте во единствениот вкус на охридската пастрмка или преспанскиот крап. Одете по средината на ридовите кои оддаваат мир и древност. Густирајте ги пределите што го одземаат здивот. Дишете го свежиот воздух. И, пијте од студените планински извори.

Самуиловата Тврдина

До 1018 г., Охрид беше главниот град на првата држава на македонските словени и таму каде што цар Самуил (976 - 1014) ја изгради неговата тврдина. Трите километри на кулите и високите ѕидови, беа оригинално изградени да го заштитуваат градот од трите страни, без езерото. Тврдината сега се издигнува над градот и дава одлична перспектива на езерото и планините. Се користи како отворена сцена за театар за време на Фестивалот Охридско Лето.

Галерија на икони

Призната за една од највреднуваните во светот, оваа колекција на икони беше создадена меѓу 11-от и 19-от век. Некои од иконите се обложени со сребро, претставени се повеќе пророци и светители, сцени од Стариот и Новиот Завет, декорирани со цветни и геометриски орнаменти. Галеријата е лоцирана веднаш до црквата посветена на Пресвета Богородица Перивлепта.

повеќе >>>

Народен музеј

Во 1516 г., повеќе од два века пред Лувр или Британскиот музеј, беше основан архиепископски музеј во црквата Св. Климент, создавајќи се со тоа еден од најстарите музеи од тој вид во Европа. Денес, музејот е сместен во повеќе простории. Во куќата на Робевци, архитектонска убавина изградена во 1863 г., е сместено археолошкото наследство од регионите на Охрид и Струга од предисториско време до денешнината. Етнографска колекција од материјалната и духовната култура на луѓето од овие предели е прикажана во куќата на Уранија. Музејот на словенската писменост содржи фотографии, копии и оригинали од главните документи на црковно-словенски јазик на глаголично и кирилично писмо, што го илустрира севкупниот развој на словенската писменост од нејзиниот зачеток до сегашноста.

Охридскиот чинар

Едно од најсаканите обележја на Охрид е големиот чинар (platanus orientalis), стар 800-900 години. Стеблото на ова дрво приближно е 20м широко. Неговата шуплина во минатото претставувала дом на мала берберница и кафетерија. Големата купола на џамијата Али Паша претставува значајна карактеристика на древниот простор околу чинарот. Овој споменик од исламската архитектура и уметност се верува дека е изграден кон средината на 16от век во спомен на везирот Али Паша од Белград.

Билјанини Извори

Во малиот парк во предградието на Охрид, водите на Билјанините Извори ја поврзуваат планината со езерото. Стотици извори го хранат Охридското Езеро со свежа вода, но ниедни не се познати како Билјанините. Изворите се хранат од водите на Преспанското Езеро, поминувајќи под планината. Тие исто така го снабдуваат градот со вода за пиење. Приказната за убавината на Билјанините Извори се прераскажува преку љубовна песна која е една од најпознатите староградски песни.

Велгошти

Некогаш одвоено село, но сега едно од предградијата на Охрид, Велгошти сé уште води мирен живот. Лоцирано во подножјето на планината Исток, ова село дава можност за истражување на планинските предели и густирање на селскиот живот на неговите жители како овчари. Над селото, во манастирот ’Св. Петка’ владее мирна околина со прекрасен поглед наоколу. Може да се обезбеди сместување преку целата година. Уште погоре, се наоѓаат црквите ’Св. Илија’ и ’Св. Никола’.

Елшани

Ако барате тивок селски живот, убави езерски пејсажи и неуништена природна убавина посетете го Елшани. Традиционалниот живот продолжува овде, како времето да стои непроменето. Секоја фамилија има свое лозје, животни сé уште се чуваат и сé уште се практикуваат некои традиционални процеси како дестилација на ракија. Резбарите и бочварите сé уште ги водат своите занаети. Прекрасна можност за планински прошетки, селото нуди сместување, продавници за храна и пијалаци и планински водачи. Локалната туристичка организација нуди широк избор на организирани активности како тури во планината и околината.

Пештани

Некогаш рибарско село, лоцирано на подножјето од Галичица, 12 км од Охрид на патот кон Св. Наум, Пештани прерасна во модерен туристички центар, со добри ресторани, кафетерии, продавници и хотел (Десарет). Веднаш до езерските брегови, Пештани е прекрасно место за одмор на оние кои сакаат да останат во близина на езерото и да уживаат во водните спортови.

Трпејца

Типичен пример на рибарска населба на бреговите на Охридското Езеро, со куќи што се изградени на падините од стрмниот рид. Селото се издигнува над убава плажа посипена со ситни каменчиња. Овде можете да го густирате вистинскиот вкус на свежа виножито пастрмка како и други домашно-направени локални специјалитети. Во близина на селото е црквата ’Пресвета Богородица – Заумска’, изградена во 1361г. Црквата е позиционирана на подножјето на Галичица и до неа може да се стигне само со брод.

Изворите на Црни Дрим

Изворите на Црни Дрим се во близина на манастирот на Св. Наум. Водата на 45 извори од Преспанското Езеро се влева во Охридското Езеро и истекува во Струга 35 км преку езерото. Овде водата е особено ладна и бистра, а пределот е населен со диви патки и други птици. Качете се на чамец за да ги видите изворите и да бидете поблизу до овој мал рај.

Национален Парк Галичица

Националниот парк Галичица се наоѓа меѓу двете древни езера Охридското и Преспанското. Во 1958 г. Галичица беше именувана како Национален парк поради многу високата био-разноликост, екстремно богатата флора и фауна и исклучителната природна убавина. Прошетајте преку пределите на Паркот и на секој чекор ќе најдете ретки треви богати со етерични масла, разнобојни ќилими од планински цветови, диви овошки, или едноставно можете да уживате во ведрината и пејсажите што го одземаат здивот.

Цркви и манастири

Рано-христијанската базилика на Плаошник

Остатоците од оваа монументална епископска црква почиваат на местото Плаошник, едно од најмирните места во стариот дел на градот. Била изградена и декорирана во 5от век кога градот Лихнидос бил важен рано-христијански епископски центар. Базиликата е изградена врз основите на постар класичен храм и има форма на детелина. Непознати уметници ја украсиле со прекрасни мозаици со сликовити мотиви од флората и фауната.

повеќе >>>

Климентовиот манастир на Плаошник

Црквата посветена на Св. Пантелејмон била изградена во 893 г. Охридската книжевна школа била овде, изворот на словенската книжевна и културна активност. Св. Климент основал универзитет и тука се поучувале повеќе од 3500 ученици кои го продолжиле неговото дело. Во манастирот се наоѓа Светиклиментовиот гроб. Тој е заштитник на градот и на цела Македонија.

повеќе >>>

Пресвета Богородица – Перивлепта (Св. Климент)

Невообичаената архитектура и чудесните фрески ја прават оваа црква, која ги има своите корени во 1295 г., еден од најзначајните средновековни споменици во Македонија. По преобразувањето на Св. Софија во џамија за време на Отоманската власт, таа постанала катедрална црква на Охридската Архиепископија и била преименувана како Св. Климент. Најважните богатства на црквата, фреските се дело на значајните средновековни сликари Михајло и Евтихиј чиј драматичен израз бил основа за новиот тренд во византиската уметност од оваа епоха, наречен „ренесанса на палеолозите’.

повеќе >>>

Св. Јован Богослов – Канео

Живописната црква посветена на Св. Јован Богослов датира од крајот на 13от век. Почивајќи покрај езерото на карпата високо над рибарската населба Канео, претставува едно од најглавните обележја на стариот дел од Охрид и омилен симбол на целиот град. Оттука се овозможува прекрасен поглед кон езерото, градот, Галичица и планините во Албанија на далечниот брег.

повеќе >>>

Св. Софија

Соборната црква на Охридската Архиепископија е највеличествениот сочуван споменик на црковната архитектура во Охрид и Македонија. Исклучителната живописност на фреските од 11ти век, се меѓу најдобрите достигнувања во средновековното сликарство од периодот на македонската династија во Византија. Св. Софија била соборна црква на Охридската Архипископија додека била претворена во џамија за време на Отоманската власт. Во 1912 г. била повторно преобразена во православна црква. За време на фестивалот Охридско Лето, поради квалитетот на акустиката, тука се одржуваат концерти на класична музика.

повеќе >>>

Манастирот на Св. Наум

Светиот Наум Охридски Чудотворец во 900 г. ја изградил црквата и манастирот, покрај Охридското Езеро, посветен на Светите Архангели. Илјадници поклоници го посетуваат неговиот гроб, кој се наоѓа во самиот манастир.

повеќе >>>

Св. Стефан

Оваа пештерска црква од 14ти век е изградена во карпа и дава увид на животот пред многу векови. Тука има мал манастир, каде што се нуди сместување во лето за мал број на туристи. Оттука може да се ужива во чудесните пејсажи на езерото и Охрид.

Одбрани слики
forward_arrow back_arrow