Почетна :: Други корисни информации
Други корисни информации
Размена на валути

Основна македонска парична валута е денарот. Може да извршите размена на валути во банка или во приватни менувачници. Банките се препорачуваат за чекови и кредитни картички. Повеќето поголеми хотели вршат менувачки услуги како и Македонската Пошта. Во центарот на Охрид поставени се повеќе АТМ автомати. Курсната листа може да ја погледнете на официјалниот сајт на Народна Банка на Република Македонија ако кликнете тука.

Поважни телефонски броеви

Полиција - 192
Брза помош - 194
Пожарна - 193
Помош на патишта - 196
Информации за патиштата - 9801

Други факти

Напојување: 220V 50Hz
Единици мерки: од метричкиот систем
Водата од водоводот може да се пие
Временска зона: GMT/UTC плус 1 час
Странски весници: достапни скоро на сите киосци и хотели

Работно време

Некои продавници се отворени помеѓу 6 наутро и 8 навечер, а други од 8 наутро до 8 навечер. Во сабота обично се работи од 8 наутро до 3 часот попладне. Во недела не се работи.
Рестораните и кафеата се отворени од 7 наутро до 1 наутро следниот ден.
Дискотеките работат од 6 навечер до 1 наутро, а ноќните клубови од 8 навечер до 3 наутро.
Банките и поштите се отворени од 7 наутро до 7 навечер во работен ден, а во сабота од 7 наутро до 1 попладне.