„ОХРИДСКА СОФРА“ 2019

Во излетничкото место  во село Скребатно, денеска се одржа традиционалната манифестација „Охридска софра“ што ја организира општина Охрид. Целта  на настанот е  збогатување на туристичката понуда преку промција на специјалитети од традиционалната македонска кујна со акцент на ѓомлезето.

Од раните утрински часови неколкуте  домаќинки кои учествуваа во натпреварувачкиот дел  ја започнаа подготовката на ѓомлезето.   Тричлената комисија за најдобро го прогласи ѓомлезето на Кристина Богданоска, втората награда ја понесе Лиле Кароска, а трето наградена беше Добринка Џуклеска.

Во текот на неколкучасовната програма,  готвачите од Гастромак  имаа специјално “Cooking Show”, а беше снимена и телевизиската емисија „Вкусот на традицијата“ со Адријана Алачки. Пријатната  атмосфера беше надополнета со настапот на   дуетот Селимова – Желчески и Ансамбл „Билјана“.