ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНА ОХРИД ВО ПОСЕТА НА САФРАНБОЛУ

Делегација на општина Охрид заедно со фолклорни групи беше дел од овогодинешното издание на филмскиот фестивал „International golden saffron documentary film festival“ во Сафранболу, Турција. Фестивалот се одржува од 25 до 28 септември, а во негови рамки фолклорните друштва се претставуваат со нивни изведби.Охрид и Сафранболу се збратимени градови и негуваат добра меѓусебна соработка.