ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ТИМОНИЕ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

Председателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска , денеска имаше протоколарна средба со Кристијан Тимоние, амбасадор на Република Франција во Република Македонија. На средбата се разговараше за досегашната и можноста за продлабочување на идната соработка.

Амбасадорот Тимоние, покрај другото, потенцира дека без разлика каква одлука ќе  биде донесена на конференцијата на УНЕСКО во Баку,  неговата земја во иднина ќе ги подржува сите напори кои ќе бидат насочени кон заштитата на природното и културното наследство на  Охридскиот регион