ВТОРО ИЗДАНИЕ НА „ОХРИД ТРЧАТ“

  

Викендов во Охрид, по втор пат се одржа атлетската манифестација „Охрид Трчат“. Локалната самоуправа, голем број на локални и други компании, како и охриѓани, изразија поддршка кон оваа манифестација која прераснува во голем спортски настан. Околу 1090 учесници беа дел од овогодинешното издание на „Охрид Трчат“.

На второто издание во женска конкуренција триумфираше Оливера Јевтиќ од Србија, а во машка Кениецот Стенли Кипруто, додека во тим билдинг трката во женска конкуренција првото место го освоија „Здружението за поддршка на ретки болести“, а второто и третото место на екипите од „Слајс“ и „Сам за себе“. Во машка конкуренција првото место го освои „Делта“, додека второто „Сивус“ и третото „Инстикт“.