ОХРИД ПРЕТСТАВЕН НА МЕЃУНАРОДНИОТ САЕМ ЗА ТУРИЗАМ „EMITT“ ИСТАНБУЛ

 Општина Охрид во заедничка соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија,  учествува на една од најголемите меѓународни изложби за туризам на источен медитеран, во Истанбул, Турција.

Туристичките потенцијали на Македонија и Охрид како најпознат туристички центар, почнуваќи од 31.01 до 03.02.2019, ќе бидат претставени на една од петте туристички изложби ширум светот и на водечки туристички настан во Турција, саемот за туризам “East Mediterranean International Tourism & Travel Exhibition- EMITT”.  Во обиколката на саемот, министерот за култура и туризам на Турција, Мехмет Ерсој во придружба на амбасадорот на Македонија во Турција, Звонко Муцунски, го посетија и охридскиот штанд.

На настанот се присутни повеќе од 1000 изложувачи, од  85 земји. Се очекува посетеност на саемот да надмине 54 000 посетители.Саемот кој го соединува туристичкиот сектор на национално и меѓународно ниво секоја година дава одлична можност за воспоставување нови врски и партнерства, како и нови договори за соработка, развој на веќе постоечки деловни односи, стартување и промоција на нови производи и услуги, размена на информации со домашни и меѓународни туристички експерти.