ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ОПШТИНА ОХРИД ВО ПОСЕТА НА САФРАНБОЛУ-ТУРЦИЈА

Делегација на општина Охрид, предводена од Емин Селман и Сашо Котели  беше   на одбележувањето на Патрониот празник- Денот на детето  на   турската општината Сафранболу.

Во рамки на посетата   беше остварена работна посета со  градоначалничката на општината, Елиф Косе и со  Кајмакамот кој е одговорен во делот на образование, туризам и култура на национално ниво. На средбата се разменуваа искуства во овие области, а се разгледуваа и можностите за реализирање на заеднички проекти.

Градот  Сафранболу во Р. Турција е под заштита на УНЕСКО.