ДЕНОТ НА РИБАРИТЕ

 

Во чест на православниот празник Свети Јован Крстител,  на 20-ти јануари во Охрид се одржа  манифестацијата „Денот на рибарите“.

Покрај традицоналното капење во ладните води на Охридското Езеро, во рамки на настанот на малиот плоштад пред Долна Порта се подготвуваше рибна чорба, а беа послужени плашици, пача, греана ракија и вино.

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски беше дел од прославата и заедно со охриѓани учествуваше во традиционалните ритуали кои се карактеристични за овој празник.

Рибната чорба беше приготвена од вештите раце на учениците од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Послужени беа околу две илјади порции чорба на присутните и на социјално загорезените семејства.

За забавниот дел од манифестацијата се погрижија ансамблот „Билјана јуниор“.