ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НИРНБЕРГ ВО ПОСЕТА НА ОХРИД

Градоначалникот на Нирнберг, Улрих Мали, во придружба на заменик градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи, викендов беа во посета на Охрид. Нивни домаќин беше претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска. Гостите во рамки на нивната посета се запознаа со функционирањето на Локалната самоуправа и со туристичките потенцијали што ги има Охрид.

Градот Нирнберг и Скопје се збратимени градови од 1982 година.