ТРАДИЦИОНАЛНА МАНИФЕСТАЦИЈА БОГОЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ

 Повеќе од 10.000 православни верници беа дел од црковно народниот собир Богојавление-Водици, кој традиционално се одржува на 19-ти јануари на градското пристаниште во Охрид.

Оваа година Чесниот крст од осветените води на Охридското Езеро го извади младиот охриѓанец Иван Лотески, кој доби подароци од страна на Дебарско-кичевската епархија и Охридската Локална Самоуправа.

Во изјавата за медиумите, Вршителот на должност Градоначалник на Охрид, Константин Георгиески, посака здравје и мир за сите граѓани и нагласи дека Охридската локална самоуправа и во иднина ќе вложува максимални напори за организирање и промовирање на оваа манифестација со цел да се продолжи традицијата.