СВЕТСКА ГОТВАЧКА ЕЛИТА НА „ГАСТРО МАК“ ВО ОХРИД

Светски познати готвачи и шефови на кујни се дел од четвртото издание на Интернационалниот гастрономски натпревар – „Гастро Мак”, кој деновиве се одржува во Охрид.

Во рамки на предвидената програма, вчеравечер, дел од кулинарските активности и презентации ги проследи Претседателот на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска.На овогодинешното издание на „Гастро Мак“ учествуваат над 300 учесници, над 90 лиценцирани судии од Светската асоцијација на здруженијата на шефови на кујни, гастрономски амбасадори и почесни гости од 30 светски земји. Овој континентален гастрономски настан е во организација на Националната асоцијација на готвачи и шефови на кујни од Рeпублика Северна Македонија поддржана од Министерството за култура и Општина Охрид.